Sayed Khodaberdi Sadat
30 Јули 2016•Ажурирај: 31 Јули 2016
МАЗАР-И-ШЕРИФ (АА) - Најмалку две лица загинаа во експлозија во областа Херат во западен Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата Херат Абдурауф Ахмади изјави дека бомбата која експлодирала се наоѓала во инвалидска количка. Тој истакна дека две лица загинаа, а пет се повредени.
Еден од повредените е во критична состојба. До сега никој не ја презел одговорноста за нападот.