Zuhal Demirci
30 Јули 2016•Ажурирај: 31 Јули 2016
МУКИЛТЕО (АА) – Животот го загубија тројца, а едно лице е повредено во оружен напад што се случи во Соединетите Американски Држави во градот Сиетл, јавува Anadolu Agency (AA).
Оружениот напад се случил во Мукилтео, на северот од Сиетл, на домашна забава со 15-20 гости. Животот го загубија тројца од присутните, а еден е повреден, изјавија истражните органи. Исто така, тие потврдија дека уапсиле едно лице за кое се сомневаат дека го извршило нападот.
Градоначалничката на Мукилтео, Џенифер Грегерсон го изрази своето длабоко жалење и додаде:
„Тагуваме со семејствата чии блиски го загубија животот во овој ужасен напад“.
Од полицијата не дадоа никаква изјава во врска со настанот.