Ekipa
31 Јули 2016•Ажурирај: 01 Август 2016
ЛОКХАРТ (АА) - Балон во кој се наоѓале најмалку 16 лица се запалил и паднал во централниот дел на американската држава Тексас, а властите велат дека во несреќата никој не преживеал, пренесува Anadolu Agency (AA).
Настанот се случил во саботата, околу 07:40 часот по локално време, на земјоделско земјиште во близина на Локхарт, на околу 48 километри јужно од Остин.
Властите не сакаа да го потврдат точниот број на загинати, ниту пак да ги објават имињата на лицата кои се наоѓаа во балонот, но претставничката на Федералната управа за авијација, Лин Лунсфорд, рече дека во балонот се наоѓале најмалку 16 лица.
Доколку се потврди дека загинале 16 лица, тоа ќе биде најголемата несреќа од ваков вид во историјата на САД. Несреќа од ваков вид со најмногу жртви се случи во февруари 2013 година, кога балон се запали над Луксор во Египет и падна од височина од 300 метри во поле со шеќерна трска. Во таа несреќа загинаа 19 странски туристи.