Servet Günerigök
31 Март 2020•Ажурирај: 31 Март 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Бројот на луѓе што починаа од новиот тип коронавирус во Соединетите Американски Држави (САД) ја надмина бројката од 3.100, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Податоците објавени од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ покажуваат 3.179 смртни случаи и 164.663 потврдени случаи во услови кога САД се борат да го спречат понатамошното ширење на вирусот.
Претходно, докторката што го води тимот за одговор на коронавирусот при Белата куќа рече дека очекува околу 200.000 смртни случаи од коронавирусот ако реакцијата на САД на епидемијата е „речиси совршена“.
„Ако ги направиме работите заеднички добро, скоро совршено, би можеле да имаме од 100.000 до 200.000 смртни случаи“, рече д-р Дебора Брикс во телевизиската утринска емисија „Денес“. „Ние не сакаме да ја видиме таа ситуација.“
Во меѓувреме, сојузните држави Вирџинија, Мериленд и округот Колумбија им наредија на своите жители да останат во домовите со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, додека Флорида издаде ограничувања за одредени жители.
САД станаа земја со најмногу потврдени случаи на коронавирус во светот, а потоа следуваат Италија, Шпанија и Кина, по појавата на вирусот во кинескиот град Вухан во декември. Оттогаш тој се прошири во 177 земји и региони.
Според Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во светот досега се регистрирани над 786.000 потврдени случаи на коронавирус и над 37.900 смртни случаи. Од вирусот се излекувале над 169.000.