Dildar Baykan
31 Март 2020•Ажурирај: 31 Март 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, оствари телефонски разговор со Џузепе Конте, премиерот на Италија, која е една од државите што се најпогодени од новиот вид коронавирус Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од Белата куќа се потврдува дека Трамп и Конте имале телефонски разговор.
„Претседателот Трамп изрази сочувство до Конте за лицата што починаа во Италија“, се вели во соопштението, посочувајќи дека двајцата лидери разговарале за најновите случувања во врска со Ковид-19.
Во телефонскиот разговор Трамп ја потврди посветеноста на САД да работат со Италија и другите европски сојузници со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се добие потребната медицинска помош.
Се вели дека Трамп и Конте се согласиле да продолжат со тесната соработка, вклучително и на Г-7 и Г-20, за да се контролира коронавирусот и да се стимулира глобалната економија.