Aldijana Hadzic
05 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Во изминатите 24 часа се регистрирани 57 нови случаи на новиот вид коронавирус, Ковид-19, а бројот на заболени (активни случаи) во Хрватска денес изнесува вкупно 842, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Меѓу нив, 93 пациенти се на болничко лекување, од кои четворица се на респиратор. Починати нема.
Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на вирусот во Хрватска, до денес евидентирани се вкупно 3.151 лице заразени со коронавирусот, од кои 113 починаа, а 2.196 се излекуваа.
„Во самоизолација моментално има 4.801 лице“, соопшти Штабот на цивилната заштита на Хрватска.
До денес, тестирани се вкупно 85.410 лица, од кои 1.244 во последните 24 часа.