Fuat Kabakcı
23 Април 2020•Ажурирај: 25 Април 2020
АНКАРА (АА) - ФУАТ КАБАКЏИ -
Власта на Тајван која благодарение на ефикасните мерки што ги презеде успеа да го контролира ширењето на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), благодарение на ефикасниот здравствен систем и со интензивна употреба на дигиталната технологија, предупредува дека пандемијата би можеда повторно да се засили во есенскиот и зимскиот период.
Тајванскиот Центар за контрола на болести (CDC) даде специјална изјава за Агенција Анадолија (АА) во врска со патот на борбата против пандемијата на Ковид-19 која избувна во Кина и веднаш потоа се прошири во 24 милионскиот Тајван, како и за прогнозите за иднината на заразата.
Во изјавата се потенцира дека Тајван, кој се наоѓа на два часа лет од Кина, по избивањето на заразата на Тешкиот акутен респираторен синдром (САРС) во Кина 2003 година, постојано делува будно и проактивно епидемиите.
Се нагласува дека Владата на Тајван постојано ја следеше ситуацијата со новиот вид коронавирус (Ковид-19) кој во почетокот беше соопштен како „мистериозна пневмонија“ кога за прв пат се појави во декември 2019 година во кинескиот град Вухан, и дека по откривањето на првиот случај со Ковид-19 на 20 јануари на овој остров, CDC го активираше Центарот за централно менаџирање на пандемии (CECC) за невообичаена тешка заразна пневмонија.
Од 5 февруари во Тајван беше забранет влезот од Кина, како и од Хонгконг и Макао, додека на 10 февруари беше спроведен 14-дневен карантин во нивните домови за лицата кои доаѓаа во Тајван.
Во изјавата се истакнува дека CECC на 27 февруари „без да го заклучи Тајван“ го крена нивото на аларм против Ковид-19 на нивото на „национална безбедност“ и дека CECC првично ги организирала сите владини единици против пандемии, го подготвила патоказот за масовно движење на луѓето, правеле подготовки за медицинска опрема, ја следеле пандемијата, ги зајакнале мерките и организирале планови за спроведување на скенирање на патниците на граничните премини.
- Технолошки и дигитални елементи во борбата против пандемијата
Во Тајван за кој се очекуваше да биде сериозно погоден од пандемијата заради неговата географска близина со Кина и како дестинација каде кинеските туристи интензивно патуваа, досега животот го загубија 6 лица поради Ковид-19, додека регистрирани се 426 случаи со Ковид-19.
Во изјавата се наведува дека инфрацрвени детектори и опрема за температура се поставени на аеродромите и пристаништата во Тајван, а воспоставен е електронски систем за да им се овозможи на патниците да го пријават својот здравствен статус и да осигурат дека карантинот во нивните домови е ефикасно завршен.
Благодарение на овој систем, патниците преку матрица на податоци можеа онлајн да испраќаат формулари за нивните здравствени ситуации, а овие информации беа испитани во „големото складиште на податоци“ што беше формирано со информациите дадени од единиците на Министерството за здравство и единиците за миграција, царина и транспорт.
Во Тајван, групите со висок и низок ризик во врска со оваа пандемија беа набљудувани со повеќе програми за набљудување преку интензивно користење на паметни технологии.
Понатаму, се дознава дека карантинските лица во нивните домови биле набудувани преку нивните телефони и дека овие програми им испраќале пораки на надлежните органи во случај лицата да ги напуштат своите домови.
Локацијата на лицата кои биле во катантин во нивните домови, била набљудувана преку нивните телефони, и дека во случај лицата да ги напуштат своите домови, овие програми испраќале пораки до надлежните органи.
CDC со над 120 апликации точно ги насочил здравствените единици, клиниките и граѓаните, и постојано обезбедува проток на информации за населението во врска со пандемијата.
На 3 февруари беше основана онлајн платформа која вршеше регистрација со вистинско име, телефонски број и компјутер за да се спречи неправедно осигурување и продажба, како што е црниот пазар за маски, каде што луѓето со нивните вистински лични карти обезбедуваа маски.
- Пандемијата може повторно да се шири во есен или зима
Во изјавата се вели дека Ковид-19 може повторно да забележи раст есен и зима.
„Гледајќи го протокот на глобалната пандемија, вирусот покажа развој најпрво од Кина, а потоа и во земјите во Европа, Блискиот Исток и САД. Земјите во Африка, Латинска Америка и Југоисточна Азија би можеле да бидат важни региони каде пандемијата може да се развие во иднина. Тајван досега беше во можност да се одбрани. Но, структурата на вирусот постојано се менува и затоа ние сè уште сме во мирување и не ја потценуваме ситуацијата", се истакнува во изјавата и се додава:
„Ако ги земаме во предвид карактеристиките на вирусот, забележуваме дека вируси на респираторниот тракт како грипот, не се ефикасни во топли и влажни околини. Во меѓувреме, бројот на заразени со Ковид-19 не е доволен за да добие колективен имунитет. Затоа, пандемијата повторно може да забележи раст во есенските или зимските месеци оваа година“, се нагласува во оваа изјава.