Havva Kara Aydın
23 Април 2020•Ажурирај: 24 Април 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 464 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 25.549, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на Цивилната заштита Анџело Борели на прес-конференција во Рим ги сподели последните податоци во врска со Ковид-19.
Борели рече дека се потврдени нови 2.646 случаи на коронавирусот во Италија, со што вкупниот број на случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица, се искачи на 189.973.
Тој нагласи дека денес се излекувани 3.033 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 57.576 лица.
Борели информира дека во последните 24 часа починаа уште 464 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 25.549 лица.
Тој рече дека 2.267 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Според податоците на Цивилната заштита, во земјата досега се извршени 1 милион 579 илјади и 909 тестирања за Ковид-19.