Sarp Özer
08 Мај 2020•Ажурирај: 08 Мај 2020
АНКАРА
По дадените инструкции од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, министерствата за одбрана и здравство на Турција подготвија медицинска опрема која ѝ ја испратија на Украина како помош во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го даде турското Министерство за одбрана се вели дека по дадените инструкции од претседателот на Турција, подготвена е помош во медицинска опрема, која е испратена за Украина.
По пристигнувањето на авионот во Украина, соопштение даде Амбасадата на Република Турција во Киев, која информираше дека помошта во медицинска опрема што пристигнала во Украина содржи 150.00 заштитни маски, 500 комбинезони, заштитници за лице и очи и средства за дезинфекција.
Во соопштението се вели дека авионот на „Туркиш ерлајнс“ (ТХЈ), со помошта во медицинска опрема за Украина во борбата против новиот тип коронавирус пристигнала на аеродромот „Бориспол“, каде што бил дочекан од заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Васил Боднар и амбасадорот на Република Турција во Киев Јамур, Ахмет Ѓулдере.
На пакетите со медицинска опрема се залепени претседателсиот амблем, знамињата на Турција и Украина и зборовите на големиот поет и филозоф Руми: „По безнадежноста следува голема надеж. По темнината следува многу сонце“ на турски и украински јазик.