Mahmoud Mohamed Barakat
08 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
АНКАРА
Либиските владини сили денеска извршија воздушни напади и неутрализираа 15 милитанти на Калифа Хафтар во близина на воздушната база „Ватија“, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Воздухопловните сили извршија воздушни напади утрово во близина на воздушната база „Ватија“ - 42 километри југоисточно од базата“, соопшти портпаролот на либиската војска, полковникот Мохамед Кануну.
Воздушната база „Ватија“ е клучна база во Либија која милитантите на Хафтар ја окупираа во 2014 година.
Токму таа база Хафтар ја користи како засолниште од кое раководи со нападите на Триполи и другите либиски региони.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година, кога Моамер ал Гадафи беше соборен од власт и убиен.
Владата на национално единство на Либија со седиште во Триполи, ужива поддршка од Обединетите нации и меѓународната заедница, додека Хафтар од Тобрук ги предводи нелегитимните сили кои главно ги поддржуваат Египет и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).