Islam Doğru
08 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 2.238 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 77.055 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, од Ковид-19 во САД се потврдени 31.326 случаи на Ковид-19 со што вкупната бројка на случаи се зголеми на 1.295.031.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 2.238 лица со што вкупната бројка на починати се искачи на 77.055.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Шпанија со 260.117 откриени случаи, Италија со 215.858 откриени случаи и Велика Британија со 206.715 откриен случај.
Во САД досега се извршени 8 милиони 328 илјади и 479 тестирања за Ковид-19, додека бројката на излекувани лица од оваа болест се искачи на 213.109, додека излекувани се 217.273 лица.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Масачусетс.
Во Њујорк откриени се 337.421 случај со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 26.365 лица.