Fatih Hafız Mehmet
31 Октомври 2017•Ажурирај: 31 Октомври 2017
ТРИПОЛИ (АА) - Седумнаесет лица загинаа, а над 30 се повредени во воздушен напад изведен доцна синоќа во градот Дерна во Либија, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјален претставник на државната болница Ал-Хураш во Дeрна, кој сакаше да остане анонимен поради безбедносни причини, рече дека болницата прогласила вонредна состојба и дека е упатен повик за донирање крв.
Извршителот на воздушниот напад сѐ уште не е познат.
Шурата на муџахедините (Советодавно тело), кој моментално го држи под контрола градот Дерна, го презеде градот од ДЕАШ во 2015 година. Дерна е единствениот град во источна Либија кој не е под контрола на силите предводени од генералот Калифа Хафтар.
Либија е зафатена со немири од 2011 година, кога крвавото востание заврши со соборувањето и смртта на долгогодишниот лидер на Либија, Моамер Гадафи.
По заминувањето на Гадафи, политичките поделби во земјата донесоа три ривалски владити, од кои една се наоѓа со седиште во источниот град Тобрук, како и голем број ривалски оружени групи.