Admir Fazlagic
08 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
СКОПЈЕ
Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа се потврдени 14 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 1.586, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството, денеска Институтот за јавно здравје регистрира 20 оздравени пациенти, со што вкупната бројка на оздравени пациенти од Ковид-19 се искачи на 1.099.
„Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 април“, соопшти Министерството за здравство. Со ова, вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 во земјата се искачи на 90.
Во моментов, според соопштението на Министерството за здравство на Северна Македонија, бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 397.
Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 18.410 тестирања на овој вирус.