Ekip
08 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
СКОПЈЕ
Исламската верска заедница (ИВЗ) на Северна Македонија одлучи од следниот вторник, 12 мај, џамиите низ целата земја да бидат отворени за верниците „за извршување на колективните верски обврски“, по речиси двомесечното прекинување на молитвите во џамиите поради мерките за спречување на ширењето на новиот тип на коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (AA).
Преку соопштение за медиумите, ИВЗ истакна дека внимателно ги следи „подобрувањето на здравствената состојба“ и „намалувањето на бројот на заразени“ од коронавирусот во земјата, по што одлучила да ги отвори џамиите за верниците, без да дава детали дали ќе се спроведуваат строги мерки во џамиите, како што е ограничување на бројот на присутни.
Следејќи ги препораките на релевантните институции за заштита на јавното здравство, на 17 март ИВЗ одлучи да ги прекине молитвите во џамиите за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Северна Македонија досега има потврдено вкупно 1.572 случаи со Ковид-19, од кои 1.079 заразени оздравеле, а 89 починале.