Arif Yavuz
25 Октомври 2021•Ажурирај: 26 Октомври 2021
АНКАРА/АФЈОНКАРАХИСАР (АА) - Најмалку седум лица се приведени во Турција поради поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението издадено од Канцеларијата на јавниот обвинител во Анкара, тројца од шест осомничени се фатени во полициската операција раководена од Одделот во Анкара извршена истовремено во четири области.
Напорите за да бидат фатени останатите три осомничени лица се во тек.
Одделно, антитерористичката полиција спроведе операција за приведување на две осомничени лица од туниска националност со налог за приведување во западната турска област Афјонкарахисар, соопшти локалната Канцеларија на главниот обвинител.
На истата адреса се фатени и двајца сириски државјани, кои претходно се осудени на над две години затвор, под обвиненија за помагање на терористичката организација.
Во 2013 година, Турција стана една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш земјата повеќепати беше цел на напади на терористичката организација, во кои животот го загубија над 300 лица, а стотици беа повредени, и тоа во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки напади и 4 вооружени напади.
Како одговор, Турција започна антитерористички операции во земјата и во странство за да ги спречи понатамошните напади.