Şerife Çetin
16 Јануари 2019•Ажурирај: 16 Јануари 2019
БРИСЕЛ (АА) - Началникот на Генералштабот на турската Војска, генерал Јашар Ѓулер, оствари средба со началникот на Генералштабот на американската Војска, генерал Џозеф Данфорд, јавува Anadolu Agency (AA).
Ѓулер и Данфорд се сретнаа во седиштето на НАТО во Брисел, а нивната средба траеше околу еден час.
Средбата беше затворена за медиумите.
Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, во понеделникот изјави дека Ѓулер и Данфорд ќе остварат средба на која ќе разговараат за нивната соработка во Сирија.
Двајцата началници последен пат се сретнаа на 8 јануари во Анкара, во рамки на посетата на Данфорд на Турција.