Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
25 Декември 2020•Ажурирај: 26 Декември 2020
АНКАРА
Турција го поздрави Трговскиот договор по Брегзит, склучен во последен момент помеѓу Велика Британија и Европската унија (ЕУ), јавува Агенција Анадолија (АА).
„Турција го поздравува договорот постигнат во преговорите за идните односи по Брегзит меѓу Велика Британија и Европската Унија“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
Потенцирајќи ги блиските односи на Турција со Велика Британија на сите полиња, Министерството исто така истакна дека Турција е земја кандидат за ЕУ и е во Царинската унија со ЕУ. „Веруваме дека овој договор ќе ѝ обезбеди на Турција нови можности и во насока на нејзините односи и со ЕУ и со Велика Британија.“
„Во овој контекст, подготовките за потпишување на Договорот за слободна трговија помеѓу Велика Британија и Турција, исто така, ја достигнаа завршната фаза“, се додава во соопштението.
Велика Британија и ЕУ постигнаа трговски договор по Брегзит на католички Бадник, по четири и пол години горчливи преговори и на само една недела пред крајот на транзицискиот рок на 31 декември.
Велика Британија ја напушти ЕУ на 31 јануари годинава, но потоа влезе во период на транзиција кој треба да истече на крајот на декември.
Британските гласачи одлучија да го напуштат Блокот на референдумот кој се одржа во 2016 година, по повеќе од 40 години членство.