Ömer Faruk Yıldız
25 Декември 2020•Ажурирај: 27 Декември 2020
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Земјотрес со јачина од 6,3 степени ја погоди филипинската покраина Лузон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Институтот за вулканологија и сеизмологија на Филипини.
Се вели дека епицентарот на земјотресот, кој се случил во 07:43 часот по локално време, бил во Калатаган, место во југозападниот дел на Лузон.
Во соопштението се наведува дека земјотресот со јачина од 6,3 степени се случил на длабочина од 74 километри, како резултат на тектонските движења.
Властите нагласија дека по земјотресот се очекуваат последователни потреси, но не издадоа предупредување за цунами.
Во земјотресот нема пријавено жртви или материјална штета.