Sümeyye Dilara Dinçer,Muhammet Tarhan
25 Декември 2020•Ажурирај: 26 Декември 2020
АНКАРА
Новиот тип на коронавирус (Ковид-19) на светско ниво е детектиран кај повеќе од 79,76 милиони лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со бројката на заразени и смртни случаи предизвикани од новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во земјите од светот, во моментов на глобално ниво 79.764.330 лица се позитивни на вирусот.
Новиот тип на коронавирус кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан и за кратко време се рашири низ целиот свет, досега е причина за смртта на 1.749.893 лица, а оздравеа 56.156.103 заразени.
САД се земја со најголем број на заразени и смртни случаи во светот. Во оваа земја се детектирани 19.111.326 лица позитивни на коронавирусот, од кои животот го загубија 337.066.
Земји во светот, покрај САД, во кои бројот на заразени со Ковид-19 надминува 1 милион се:
Индија (10.147.468), Бразил (7.425.593), Русија (2.963.688), Франција (2.527.509), Велика Британија (2.188.587), Турција (2.100.712), Италија (2.009.317), Шпанија (1.869.610), Германија (1.614.326), Аргентина (1.571.680), Колумбија (1.559.766), Мексико (1.362.564), Полска (1.239.998), Иран (1.183.182), Украина (1.012.167) и Перу (1.003.982).
Земји во светот, покрај САД, во кои бројката на смртни случаи надминува 10.000, се:
Бразил (190.032), Индија (147.128), Мексико (121.172), Италија (70.900), Велика Британија (69.625), Франција (62.268), Иран (54.308), Русија (53.096), Шпанија (49.824), Аргентина (42.392), Колумбија (41.454), Перу (37.317), Германија (29.681), Полска (26.752), Јужноафриканска Република (25.983), Индонезија (20.589), Турција (19.115), Белгија (19.038), Украина (17.581), Чиле (16.303). Романија (14,912). Канада (14.719), Еквадор (13.977), Ирак (12.744), Холандија (10.826) и Чешка (10.815).