Ekipa
24 Декември 2020•Ажурирај: 26 Декември 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 592 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 80.407, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 21 лице, со што билансот на починати од овој вирус се искачи на 2.375
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 691 оздравен пациент од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани изнесува 57.434.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 изнесува 20.598.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.206 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 388.485 тестирања.