Yunus Türk
24 Декември 2020•Ажурирај: 25 Декември 2020
ИСТАНБУЛ
Во Битола е извршена првата испорака на автобусот „кендо“, која „Анадолу Исузу“ (Anadolu Isuzu) го разви во својот центар за истражување и развој во согласност со потребите на домашните и странските клиенти, произведен во согласност со европските стандарди за квалитет, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави компанијата, „Анадолу Исузу“ ја изврши првата испорака на „кендо“, еколошкото возило со CNG- мотор (компресиран природен гас), дизајнирано во согласност со трендовите за јавен превоз во иднина.
Во рамките на договорот што е потпишан со Северна Македонија во февруари, испорачани се 6 автобуси „кендо“, кои ќе служат на потребите на електраната „РЕК Битола“.
На церемонијата за предавање на автобусите одржана во ТЕ „РЕК Битола“, на 19 декември 2020 година, присуствуваше и Зоран Заев, премиерот на Северна Македонија.
Компанијата „Анадолу Исузу, која влезе на македонскиот пазар пред 15 години во категоријата камиони, првата испорака на автобуси во земјата ја направи во 2019 година. Минатата година „Анадолу Исузу“, за потребите на аеродромот „Скопје“ на ТАВ Македонија ѝ испорача 3 автобуси од моделот „ситипорт“ и 4 автобуси „ситипорт“ со CNG-систем за потребите на Општина Прилеп.
Моделот „кендо“ на „Анадолу Исузу“ со CNG-систем, долг 13 метри, во овој сегмент е прво вакво возило произведено во Турција, а трето во Европа. Автобусот „кендо“, со својата еколошка структура, благодарение на CNG-моторот, произведен е за да се користи на транспорт на долги релации во градска средина и за кратки меѓуградски релации.
Ова возило, кое е произведено со цел да се користи за транспорт на вработени и превоз на ученици, е возило кое е поекономично и возило кое според капацитетот на багажот е поблиску до категоријата „coach“. Овој автобус се издвојува од своите конкуренти со волуменот на багажот од 7,5 кубни метри, а според удобноста и функционалноста, „кендо“ воопшто не заостанува зад луксузните модели на класата „coach“.
„Кендо“, кој е опремен со паметни безбедносни системи на „Анадолу Исузу“, покрај тоа што се издвојува според можноста за повеќефункционалното бирање, бодувањето на возачот и самодијагностицирањето, го нуди и најдобриот пакет во својата категорија, обезбедувајќи им максимална удобност и ергономски простор на возачот и патниците.
- Дизајниран е како економично и еколошко решение
„Кендо“ се издвојува како еден од првите членови на дигиталниот, прецизен и технолошки дизајн на „Анадолу Исузу“.
Пропорциите на возилото со погон на компресиран природен гас, неговото аеродинамично тело, динамичен лед-сигнал и светла за дневно возење, дигитална табла со инструменти и дизајнот за корисничко искуство, го поддржуваат новиот израз на возилото.
„Кендо“ со системот CNG кој во својата категорија го нуди најдобриот пакет, вклучувајќи ги и ергономскиот простор за возачот и патниците, ги комбинира сите компоненти со максимална должина од 13 метри. Ова возило, кое меѓу конкуренти во категоријата на возила со иста големина и капацитет нуди идеален распоред со најголем простор за возачот, во исто време нуди и различни опции за воланот и позиции на седење за да се обезбеди максимална удобност и ергономија на возачот.
Иако стандардниот „Кендо-CNG“ има максимален капацитет за седење, постои можност со склопување на седиштата, средниот дел од возилото да се претвори во простор кој ќе се користи за стоење и простор за инвалидска количка.
Ова возило е дизајнирано како економично и еколошко решение кое би се користело за превоз на лица и како училиштен автобус.