Bekim Laci
29 Март 2016•Ажурирај: 30 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) – Министерство за животна средина и посторно Планирање на Македонија денеска го претстави интегрираниот проект за имплементирање на воспоставувањето на интегрираниот и финансиски одржливиот систем за управување на отпадоци во останатите четри региони на земјата, Скопскиот, Југозападниот, Вардарскиот и Пеллагонискиот регион, јавува Anadolu Agency (АА).
Министерот за животна средина, Нурхан Изаири информираше дека проектот започна во декември месец мината година во период од 24 месеци за реализација од страна на конзорциумот ЕНВИРОПЛАН.
“Крајната цел на овој проект е да се постигне интегрираниот систем, одржлив за управување со отпадоците во Скопкиот, Вардарскиот, Пелагонискиот и Југозападниот регион. Вкупната вредност на овој проект е 3.6 милиони евра и за неговa имплементација ќе се подготви неопходната документација за проектот за воспоставување на интегрираниот и финансиски одржливиот систем”, изјави министерот Нурхан Изаири.
Мартин Клауке од делегацијата на ЕУ во Скопје истакна дека ова е долг и комплексен процес, кој бара стабилен оперативен водач.
“Ги охрабрувам регионалните водачи кои управуваат со отпадоците, целосно да се вклучат во овој проект заедно со експертскиот тим, и второ по важност е дека треба да имаат широка консултација со сите засегнати страни во проектот, незаборавајќи ја консултацијата со јавноста, се со цел да се подобри амбиенталниот квалитет”, рече Клауке.
Надлежните рекоа дека лошото управување со отпадоците резултира со проблеми кои се одразуваат на квалитетот на водата и воздухот.