Muhammed Nuri Erdoğan
29 Декември 2020•Ажурирај: 30 Декември 2020
АНКАРА
Во турскиот главен град Анкара извршена е операција против терористичката организација ДЕАШ, при што се фатени 35 осомничени со потекло до Ирак кои имале контакт со ДЕАШ и со конфликтните зони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Операцијата е извршена заеднички од страана на Полициската дирекција во Анкара и Турската разузнавачка служба (МИТ).
Во овие рамки, во Анкара е извршена операција со цел фаќање на 40 осомничени лица за кои се добиени разузнавачки информации дека имале контакт со терористичката организација ДЕАШ и со конфликтините зони.
Приведени се 35 осомничени со потекло од Ирак, додека во тек се операциите за фаќање на останатите лица кои се во бегство.