Abdullah Doğan,Canan Tükelay
29 Декември 2020•Ажурирај: 30 Декември 2020
АФЈОНКАРАХИСАР
Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, истакнувајќи дека Турција денес е успешна во борбата против тероризмот како никогаш досега во историјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сојлу на состанокот за стратегија и проценка на началниците на Одделот за заштита на сведоци, рече дека оваа година завршува со епидемијата на вирусот, кој го „шокираше“ целиот свет, со земјотреси и поплави.
Истакнувајќи дека Турција не е уништена од ниту една од овие тешкотии, Сојлу рече дека Турција со државната традиција од 2.200 години и под раководството на претседателот Ердоган и покрај сите тешкотии опстанала.
Сојлу, исто така, нагласи дека и покрај целата безбедносна агенда, физичкиот капацитет и надградбата на демократијата во Турција се унапредени.
„Ги подобривме нашите теренски резултати во сите безбедносни прашања, позитивните резултати станаа тренд. Можеби најважно е тоа што напредувавме со правење стратегии и со воспоставување конкретни цели. Тоа што сакам да истакнам е дека Турција денес е успешна во борбата против тероризмот како никогаш досега во историјата", истакна Сојлу.
„Годишната бројка на членови во ПКК стигна до 5.558, денес во Турција бројот на терористи на ПКК е помал од 320. Првиот терористички акт ПКК го започна во 1984 година. Бројот на лица што се приклучија во терористичката организација ПКК во 1984 година беше вкупно 57. Денес дојдовме до таква точка што падна и под таа бројка. Минатата година се приклучиле 130, а во 2014 година 2.558 лица“, информираше министерот Сојлу.