Kasım İleri
16 Јануари 2019•Ажурирај: 17 Јануари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролот на Коалицијата за борба против ДЕАШ под водство на Соединетите Американски Држави (САД), полковникот Шон Рајан, соопшти дека во експлозијата во подрачјето на сириски Мунбич, за која одговорноста ја презеде терористичката организација ДЕАШ, загинаа американски војници, пренесува Anadolu Agency (AA).
ДЕАШ презеде одговорност за самоубиствениот бомбашки напад во Мунбич
„Американски војници загинаа во експлозијата која се случи во текот на рутинска патрола во Сирија. Сè уште ги собираме информациите и подоцна ќе објавиме повеќе информации“, напиша Рајан во објава на Твитер.
Од друга страна, портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, изјави дека американскиот претседател, Доналд Трамп, е информиран за експлозијата.
Рајан попнатаму не даде информации за бројот на загинати американски војници, а одредени медиуми тврдат дека во овој напад загинале четворица војници на САД.
Инаку, експлозијата се случи за време на патролата на американските војници во подрачјето на Мунбич, кое е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
На профилот под името Амак, што ѝ припаѓа на оваа организација, на апликацијата „Telegram“, се тврди дека војниците на меѓународната коалиција за време на нивната патрола во Мунбич биле цел на експлозија.
Американската Војска по експлозијата ги евакуираше своите војници со хеликоптер. Беше соопштено дека во експлозијата има загинати.
Подрачјето на Мунбич во Алепо од август 2016 година е под окупација на ЈПГ/ПКК. САД ветија дека откако подрачјето ќе биде ослободено од ДЕАШ, тоа подрачје ќе биде предадено на ЈПГ/ПКК.
Администрацијата на Вашингтон не го исполни своето ветување, а Турција и САД во јуни 2018 година се договорија околу мапата на патот во Мунбич. Но поради одолговлекувањата на САД, мапата на патот сè уште не е комплетирана.