Nuran Erkul Kaya
09 Јуни 2021•Ажурирај: 10 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ
Министерот за енергетика и природни ресурси на Турција, Фатих Донмез, со јавноста ги сподели тест-снимките од првото согорување на гас од страна на инженерите во лабораториска средина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На неговиот официјален профил на социјалната мрежа Твитер, министерот Донмез истакна: „Нашето второ откритие во Црното Море, природниот гас од бунарот Амасра-1, се претвори во енергија. Со тоа во Турција ноќите ќе бидат посветли, зимите потопли, а индустријата посилна.“
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, минатата недела соопшти дека бродот за сондажа „Фатих“ открил нов резерват од 135 милијарди кубни метри во бунарот „Амасра-1“, лоциран во гасното поле Северна Сакарија во Црното Море.
Со споменатото откритие, вкупните резерви гас на Турција откриени во Црното Море достигнаа 540 милијарди кубни метри.