Riyaz Khaliq Khaliq
30 Октомври 2021•Ажурирај: 31 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Експерти и претставници на академската фела од целиот свет денес се собраа во турската метропола Истанбул за да разговараат, за првпат, за односите помеѓу Кина и Палестина, како и за улогата и влијанието на Кина врз палестинско-израелското прашање, јавува Агенција Анадолија (АА).
Домаќин на дводневната конференција е Азискиот блискоисточен форум во Истанбул.
„Конференцијата се повикува на историските кинеско-палестински односи и на најважните политички и културни односи“, велат организаторите.
На конференцијата ќе се разговара за визијата и стратегијата на Кина и природата на нејзиниот препород и улогата во развојот на ниво на Западна Азија.
„Ќе се разговара и за кинеската улога во обидот да се постигне праведно и сеопфатно решение за палестинската кауза“, додаваат организаторите.
Најмалку 16 говорници ќе дискутираат за кинеската поддршка „против (израелската) окупација (во Палестина) и влијанието на американско-кинеските спорови врз палестинската кауза“, меѓу останатите теми.
„На конференцијата ќе се разговара и за палестинската визија за кинеската улога на Блискиот Исток“, истакнаа организаторите.