култура и уметност

Горан Бреговиќ одржа концерт во Истанбул

Бреговиќ со своите најпознати композиции ја восхити истанбулската публика на концертот одржан во Културниот центар Бостанџи

Aişe Hümeyra Bulovalı  | 13.11.2019 - Обновена : 13.11.2019
Горан Бреговиќ одржа концерт во Истанбул (Foto: Şebnem Coşkun/ Anadolu Agency)

ИСТАНБУЛ (AA) - Познатиот музичар Горан Бреговиќ одржа концерт во Истанбул во рамките на 8. Меѓународен фестивал на кларинетот, јавува Anadolu Agency (AA).

Бреговиќ со своите најпознати композиции ја восхити истанбулската публика на концертот одржан во Културниот центар Бостанџи.

Неговите фанови имаа можност да слушаат песни од неговиот последен албум „Три писма од Сараево".

Бреговиќ во среда во рамките на 8. Меѓународен фестивал на кларинетот ќе настапи и во Анкара.

Познатиот музичар и Оркестарот за свадби и погреби претходно неколку пати учествуваа и на истанбулскиот Џез фестивал.

Горан Бреговиќ е роден во 1950 година во Сараево, Босна и Херцеговина. Бреговиќ беше и фронтмен на „Бијело дугме" една од најпопуларните музички групи во поранешна Југославија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.