Aişe Hümeyra Bulovalı
15 Ноември 2019•Ажурирај: 18 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Изложбата на победничките фотографии на меѓународниот натпревар „Istanbul Photo Awards 2019“, кој го организира Anadolu Agency (AA) петта година по ред, на 19 ноември ќе биде отворена и во Токио.
Фотографиите моментално се изложени во зградата на Општина Бејоглу и на Аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул. Се планира на 19 ноември, со поддршка на Институтот „Јунус Емре“ изложбата да биде отворена во просториите на Институтот.
Посетителите ќе можат да ги видат избраните фотографии направени за време на настаните низ светот, вклучувајќи ги и политичките случувања, мигрантската криза, природните непогоди.
Планирано е изложбата да биде отворена до крајот на годината.
Оваа година, на „Istanbul Photo Awards“, кој се огранизира со спонзорство на Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА) и „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines THY), репортерите од над 100 земји пријавија околу 15.000 фотографии.
Веќе започна пријавувањето за „Istanbul Photo Awards 2020“, а фотографиите можат да бидат пријавени во категориите „поединечни вести“, „сериски вести“, „поединечен спорт“ и „спортови“. Пријавувањето трае до 31 јануари 2020 година преку веб-страницата www.istanbulphotoawards.com.