Halil Demir
14 Ноември 2019•Ажурирај: 15 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Во турскиот град Истанбул приведен е Мевљут Џушќун, припадник на терористичката организација Ал Каеда, кој се наоѓаше во портокаловата категорија од листата на лица барани за тероризам, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тимовите на Одделот за разузнавање и борба против тероризмот при Полициската дирекција во Истанбул започнаа операција по разузнавачката информација дека Џушќун, откако долго време бил во конфликтните зони во Сирија, на илегален начин преминал во Турција и дошол во Истанбул.
Во рамки на истрагата, полициските тимови реализираа операција во подрачјето на Башакшехир, во чии рамки е фатен Џушќун.
Приведеното лице се наоѓа во станица за понатамошни постапки.