Gülşen Çağatay
14 Ноември 2019•Ажурирај: 15 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - ГУЛШЕН ЧАГАТАЈ -
Се очекува глобалната побарувачка на енергија да достигне 19 милијарди 177 милиони тони нафта во 2040 година, со пораст од 34 проценти во однос на минатата година, јавува Агенција Анадолија (AA).
Според извештајот на Меѓународната агенција за енергетика (IEA), минатогодишната вкупна глобална побарувачка на енергија изнесува 14 милијарди 314 милиони тони нафта.
Највисоката побарувачка на енергија во светот до 2040 година ќе пристигне од азиско-пацифичките земји, вклучително и Кина. Нивната побарувачка ќе изнесува 8 милијарди 208 милиони тони нафта. Овој регион ќе го следи Северна Америка со побарувачка од 2 милијарди 686 милиони тони нафта.
Во Европа, побарувачката на енергија ќе се намали на 530 милиони тони нафта до 2040 година. И покрај ова намалување, Европа ќе биде третиот регион со најголема побарувачка за енергија од 1 милијарда 723 милиони тони нафта, по Азиско-пацифичкиот Регион и Северна Америка.
Европа ќе ја следи Африка со 1 милијарда 318 милиони тони нафта и регионот на Блискиот Исток со 1 милијарда 206 милиони тони нафта.
Ако продолжи сегашната политика, се очекува глобалната побарувачка за енергија да достигне 19 милијарди 177 милиони тони нафта во 2040 година со пораст од 34 проценти во однос на минатата година.
- Побарувачката за нафта ќе се зголеми
Повторно нафтата ќе има најголема побарувачка кај глобалните извори на енергија. Дневната глобална побарувачка за нафта, која минатата година изнесуваше 96,9 барели, ќе се зголеми на 106,4 милиони барели во 2040 година.
Азиско-пацифичкиот Регион е на првото место со 39,2 милиони барели на ден во глобалната побарувачка на нафта, а потоа следува Северна Америка со 19,1 милиони барели.
Од друга страна, се очекува глобалното снабдување со нафта да достигне 106,4 милиони барели на ден во 2040 година. Учеството на ОПЕК во производството на нафта се проценува дека ќе изнесува 39 проценти.