Ali Berat Meriç
10 Октомври 2016•Ажурирај: 11 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Русија Владимир Путин во својот говор на претседателската сесија на 23. Светски Конгрес за енергија кој се одржува во Истанбул, а чиј партнер за глобални комуникации е Anadolu Agency, изјави дека е потребно сите земји да вложат поголеми напори за обезбедување на пристап на луѓето до тековните извори на енергија, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин потсети дека денеска до повеќе од 2 милијарди немаат пристап до енергија и додаде: „Потребно е да ги отстраниме пречките кои го попречуваат енергетскиот и економски раст, со обезбедување на пристап до основниот благослов на цивилизацијата, како што e електричната енергија.“
Путин истакнувајќи дeка последните години разбирањето на пазарот за хидрокарон многу се изменилo, рече:
„Некои велат дека падот на цената на нафтата за двапати се должи на хидрокарбонските ресурси. Во сегашни услови, сметаме дека ограничувањето на производството на нафтата е правилен метод за стабилизирање на цената на нафтата. Го подржуваме предлогот на земјите на ОПЕК во врска со овој проблем. Тоа не значи дека се расипува механизмот на пазарот на нафта. Напротив, ќе го забрза процесот на стабилизирање на цената на нафтата. Подготвени сме да учествуваме во намалувањето на производството на нафта и ги повикуваме и останатите производители да се приклучат. Развојот на настаните, на состанокот на ОПЕК во ноември ќе доведе до создавање на конкретни договори. Тоа ќе даде позитивни сигнали за пазарот и инвеститорите. Тоа ќе ги спречи шпекулативните активности и новитее бранувања на пазарот. Потребно е и производителите и потрошувачите да делуваат на одговорен и принципиелен начин.“
„Сакаме да оствариме проекти, како што се Северен тек 2 и Турски тек“
Путин истакна дека е неприфатлив начинот на кој некои земји поради лични политички придобивки да се врши ограничување на енергијата и додаде:
„Сметам дека не е во ред ограничувањето на капитал и технологија од страна на некои земји. Некои земји на своите бизнисмени им препрачуваат ‘затворете ги поволните проекти’. Им велат ‘Откажете се од пратките со ниските цени’. Овој тип на активности не овозможуваат стабилност на енергијата и глобалната економија. Може да се забележи дека страните кои имаат овој тип на иницијативи, воопшто не се консултираат со своите сојузници и партнери, туку го гледаат само личниот интерес. Русија е земја со големо богатство на енергија, и ќе продолжи да биде лидер на полето на енергијата. Инвестираме во изнаоѓање на нови извори. Продолжуваме со тоа и под тешки услови, Никој нека не се сомнева во тоа. Ќе продолжиме да бидеме многу безбедни во испораката на глобалниот енергетски пазар. Ќе имаме нови проекти. Сакаме и работиме на тоа да оствариме проекти, како што се Северен тек 2 и Турски тек.“