Vügar Novruzoğlu,Elena Teslova
14 Март 2016•Ажурирај: 15 Март 2016
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин, денес нареди од утре, вторник, да се започне со повлекување на руските сили од Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Руската државна телевизија пренесува дека Путин истакнал повлекувањето на „главниот дел“ на руските воени сили од Сирија да започне утре.
Рускиот претседател му наредил на министерот на одбрана, Сергеј Шојгу, утре да започне со повлекување на поголемиот дел руски сили од со војна зафатената Сирија.
„Мислам дека министерството за одбрана и војската, општо земено, ја извршија должноста која ја преземаа“, рече Путин.
Според наводите на Кремљ, Путин и сирискиот претседател Башар ал-Асад во телефонски разговор се сложиле околу повлекувањето на руските сили од Сирија.