Stipe Mayiç
10 Октомври 2016•Ажурирај: 11 Октомври 2016
ЗАГРЕБ (АА) - Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ денеска го прими претседателот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, кој и предочи 91 потпис и со тоа стана нов мандатар, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ по состанокот со Андреј Пленковиќ потврди дека Пленковиќ и донел на увид 91 потпис на претставниците кои ќе го формираат новиот Хрватски парламент.
Бидејќи станува збор за надполовично мнозинство од вкупно 151 претставник, претседателката на Пленковиќ и формално му го предаде мандатот за составување на 14-та по ред хрватска Влада.
Претседателката Грабар-Китаровиќ истакна дека очекува стабилна и конструктивна Влада која ќе работи на решавање на важни прашања како што се економијата и демографскиот развој.
Андреј Пленковиќ изјави дека на претседателката и ги предочил потписите од Мостот на независни листи, потписите на малцинските претставници, партијата на Милан Бандиќ и Хрватска селанска парија (ХСС).
Пленковиќ, меѓу останото, изјави дека новата Влада највеќе ќе се фокусира на развојот на економијата, отворање на работни места, економија, трговска конкурентност и функционирање на правната држава.
Тој се осврна на потпората на осум малцински претставници и порача дека новата Влада ќе се грижи за малцинствата, Хрватите во БиХ, но и Хрватите кои се малцинство во соседните држави и светот.
Тој ја истакна важноста на намалување на поделбата во хрватското општество и создавање на позитивна атмосфера.
Андреј Пленковиќ има рок од 30 дена да ја состави новата, 14 по ред хрватска Влада, но очекувањата се дека тоа ќе биде направено пред истекување на рокот кој претседателката има право да го продолжи за 30 дена.
Уште утринава, Пленковиќ најави дека Владата би можел да ја формира дури следниот понеделник, но за датумот за сега може само да се шпекулира.
Познато е дека новиот премиер ќе биде Андреј Пленковиќ, додека Божо Петров, челникот на Мост, ќе биде претседател на Парламентот првите две години од мандатот, а другите две на тоа место ќе го замени некој од редовите на ХДЗ.
Претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ ја свика конститутивната седница на Парламентот за петок, 14 октомври.