Rustam Mikayilli
21 Јули 2016•Ажурирај: 22 Јули 2016
ВИЛНУС (АА) - Претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, се наоѓа во дводневна службена посета на Литванија каде што порача дека хрватските војници ќе соработуваат со силите на НАТО на Балтикот, јавува Anadolu Agency (AA).
Грабар-Китаровиќ се состана со литванската претседателка Далиа Грибаускаите во Вилнус. На состонокот се зборуваше за унапредување на односите на двете земји, одлуките од последниот НАТО самит во Варшава, бегалската криза и за одлуката на Велика Британија за излез од ЕУ.
По состанокот, двете претседателки присуствувваа на свеченото отворање на хрватската амбасада во Вилнус.
Одговарајќи на новинарските прашања, Грабар-Китаровиќ изјави дека Хрватска, земајќи го како пример искуството на Литванија, ќе гради ЛНГ терминал на островот Крк со цел да се намалат цените на енергентите во Хрватска.
Исто така, ќе придонесе за тоа Хрватска преку достава на плин кон северот и со поврзување со терминалите во Литванија и Полска да придонесе за стабилизација на просторите на средна и источна Европа.
Таа зборуваше и за најавеното учество на хрватските војници во НАТО силите на Балтикот.
„Ќе испратиме војници во Литванија. Ќе ја штитиме нашата земја, границите и граѓаните“, порача Грабар Китаровиќ.
Претседатеката на Литванија истакна дека двете земји имаат силни политички и економски врски и дека имаат слични ставови кога во прашање се темите како ЕУ и НАТО.