Ayşe Hümeyra Atılgan
24 Јули 2016•Ажурирај: 25 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Обновата на соработката помеѓу Турција и Русија воглавно зависи на соработката за сириската криза, изјави министерот за надворешни работи на Москва вчера, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на младинскиот форум во Владимир во западна Русија, Лавров изјави: „Не се работи само за билатералните односи или како ја извршуваме трговијата, инвестициите и заедничките проекти, се работи за соработката околу решавање на Сириската криза”.
Турција и Русија ги обновија односите на 29 јуни кои беа нарушени по ноември 2015 година.
На 30 јуни, Русија ја укина забраната за туристички летови во Турција по телефонскиот разговор меѓу претседателот Владимир Путин и неговиот турски колега.
Министрите за надворешни работи на Турција и Русија се состанаа подоцна на 1 јули во Сочи со цел да го зајакнат процесот на нормализација на односите.
Путин исто така ја даде својата поддршка на Турција по обидот за државен удар кој се случи на 15 јули. Тој изјави дека стои зад демократски избраната влада на Турција и изрази сочуство за жртвите од неуспешниот обид за удар.
Русија побара од претседателот на Сирија, Башар ал Асад да биде дел од транзицискиот процес во Сирија додека Турција цврсто се противи на останувањето на Асад на власт, бидејќи неговиот режим е одговорен за смртта на илјадници Сиријци.
Москва ја започна својата воена интервеницја во Сирија кон крајот на септември 2015 година наводно под барање на режимот на Башар ал Асад за воена помош.
Оттогаш, Русија врши воздушни напади против позициите на противниците на Асад.
САД и Турција го критикуваат присуството на Русија на теренот на Сирија каде во руските воздушни напади загинаа многу цивили.