Besar Ademi
25 Јули 2016•Ажурирај: 26 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Со цел за подобрување на односите меѓу Македонија и Италија, како и за надминување на пречките што се јавуваат во областа на кривичните предмети во меѓународната правна помош, во Министерството за правда на Македонија беа потпишани два билатерални договора како дополнување на Европските конвенции за меѓусебна правна помош во кривичните предмети и за екстрадицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Mинистерoт за правда на Македонија, Валдет Џафери најави дека дополнителниот договор за меѓусебна правна помош во кривичните предмети меѓу двете држави датира од 1958 година, додека договорот за екстрадиција е од 1957 година.
„Сакам да истакнам дека во досегашната практика во областа на меѓусебната правна помош меѓу Италија и Македонија немало никаков проблем во однос на соработката меѓу судските органи на двете земји, а оваа соработка се одвива на одлично ниво“, рече Џафери.
Според министерот Џафери, со потпишаните договори се регулираат многу важни правни прашања, меѓу кои и помошта и имплементацијата на законските барања меѓу двете земји, одложувањето на извршувањето, како и екстрадицијата на државјани на двете земји за кривични дела од областа на организираниот криминал.
Според министерот за правда на Италија, Андреа Орландо, соработката со Македонија е многу важна, а спроведувањето на договорите ја поттикнува Италија да ја поддржува земјата во процесот на евро-атлантската интеграција и членството во НАТО.
„Потпишаните договори имаат големо значење во однос на тероризмот, организираниот криминал и во однос на трговијата со луѓе, бидејќи тоа им ќе им овозможи на двете земји да се координираат во борбата против овој феномен“, изјави Орландо.
Освен со Италија, Македонија потпиша такви договори и со Косово, Србија, Црна Гора и со Босна и Херцеговина.