Kristina Maslareviç
24 Мај 2016•Ажурирај: 25 Мај 2016
БЕЛГРАД (AA) - Манндатарот на новата Влада на Србија Александар Вучиќ, на денешната прес-конференција изјави дека е најгордиот човек на светот, поради тоа што по втор пат му е доверен мандатот за формирање на Влада, јавува Anadolu Agency.
„Благодарен сум му на народот и на грѓаните на нашата земја, почестен поради поддршката која ни ја пружија по две тешки, напорни години, две години реформи, кои обично не донесуваат гласови, но реформи кои имаа една крајна цел, а тоа е подигнување на животниот стандард на граѓаните на Србија и подобра иднина за нашите деца", рече Вучиќ.
Вучиќ наведе дека во изминатите две недели подготвуваше сеопфатен план и програма и дека поради таа причина почна да се бави и со составување на тим кој ќе ја сочинува Владата и кој во Владата би вложил голема енергија без било какви калкулации.
Зборувјќи за тоа дали економијата или политиката во идниот мандат ќе бидат поважни, Вучиќ рече дека економијата не може да се раздели пред се од регионалната и внатрешната стабилност, бидејќи тие се, како што рече, меѓусебно поврзани, и додаде:
„Мислам дека имаме солидна политичка основа која мораме да ја чуваме. Мораме да ја чуваме стабилноста, за да можеме да имаме економски напредок. Тоа е така секогаш меѓусебно условено. Секако се е врзано за економскиот напредок, за подобар животен стандард за нашите граѓани, тоа е суштината. Но, за да го оствариме тоа, треба да имаме добра политика, програма и планови".