Kristina Maslareviç
26 Декември 2016•Ажурирај: 26 Декември 2016
БЕЛГРАД (АА) - Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше за изјавата на Марко Џуриќ, директор на Канцеларијата на Владата за Косово, дека Србите во Косово ќе чекаат уште до средината на февруари Приштина да формира заедница на српски општини, а доколку тоа не се случи, ќе ја формираат сами, и дека тоа е една од идеите, јавува Anadolu Agency (AA).
„Го чекаме одговорот на Албанците и на меѓународната заедница, во таа приказна не одевме на сила. Тоа е една од идеите, да чекаме до Сретение. Но, вие го имате Бриселскиот договор, ја имате обврската што ја презедовте, а тие наместо да се занимаваат со исполнување на своите обврски, се обидуваат да се занимаваат со купување на Србите“, изјави Вучиќ.
Коментирајќи го денешниот состанок со претставниците на Србите од Косово, Вучиќ изјави дека тој веројатно православниот Божиќ ќе го дочека со Србите во Косово и дека за време на состанокот ги повикал на единство.
„Ги повикав на единство и да се држат до одлуките до кои стигнавме заедно“, истакна Вучиќ.