Admir Fazlagic
26 Декември 2016•Ажурирај: 26 Декември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце не го смени прелиминарниот резултат од предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) резултатите од денешното гласање во Теарце се следни: СДСМ освои 245, ВМРО-ДПМНЕ 149, a СДСМ 245, ДПА, ДУИ и Алијанса за Албанција освоија по еден глас, а ВМРО за Македонија 2 гласа.
На избирачкиот список за ова избирачко место запишани се 714 гласачи од Теарце. На првото поништено гласање на 11 декември во Теарце излегоа 56 проценти од гласачите, а ВМРО-ДПМНЕ имаше тесна победа со само 4 гласа пред СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ доби 91 глас, СДСМ 87, БЕСА 65, ДПА 64, ДУИ 53 и Алијансата за Албанците 25.
Државната изборна комисија (ДИК) донесе одлука да се повтори гласањето на ова избирачко место врз основа на симулацијата со која се покажа дека прегласувањето може да влијае на бројот на освоени мандати, и врз основа на одлуката на Управниот суд да ја прифати тужбата на Коалицијата предводена од СДСМ и да донесе решение за поништување на гласањето на ова избирачко место.
Во Изборната единица 6 според првичните резултати на ДИК, најмногу гласови 40.599 освои ДУИ, потоа следи ВМРО-ДПМНЕ со 26.135, СДСМ со 25.828, БЕСА со 25.054, Алијанса за Албанците 17.970, ДПА 16.225, ВМРО за Македонија 919 и Коалицијата за промени и правда - Трет блок 239.
Според добиените гласови, најмногу пратеници, односно 6 освои ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ 4, БЕСА 3, СДСМ 3, Алијанса за Албанците и ДПА 2.
Инаку, на овие четврти предвремени парламентарни избори во Република Македонија одржани на 11 декември оваа година, според прелиминарните резултати на ДИК Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 51 мандат, Коалицијата предводена од СДСМ освои 49 мандати, ДУИ 10 мандати, БЕСА освои 5 мандати, Коалицијата Алијанса на Албанците освои 3 мандати и ДПА освои 2 мандати.