Adel Ömeragiç
19 Мај 2016•Ажурирај: 21 Мај 2016
ПОДГОРИЦА (АА) - Собранието на Црна Гора синоќа избра четири нови министри од редовите на опозицијата, како и два потпретседатели на Владата, врз основа на Договорот за одржување на фер и слободни избори, потпишани од страна на 11 парламентарни партии, јавува Anadolu Agency (AA)
Пратениците по четири дена дискусија со мнозинство гласови ги избраа Рашко Коњевиќ од Социјалдемократската партија на министер за финансии, Горан Даниловиќ од Демос, за министер за внатрешни работи. Непартиските лица, Миленко Поповиќ и Борис Мариќ избрани се за министри за земјоделство и труд и социјална грижа.
Пратениците, исто така, избраа и два нови потпретседатели на Владата. На предлог на опозицијата избран е Милорад Вујовиќ, додека досегашниот министер за земјоделство Петар Ивановиќ од владејачката Демократска партија на социјалисти ја презеде функцијата на попретседател на Владата.
Според текстот на Договорот за создавање на услови за фер и слободни избори, на опозицијата ѝ припаѓаат министерски места во Министерството за финансии, Министерство то за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална грижа и Министерството за земјоделство, потоа функцијата на потпретседател на Владата, како и помошните функции со посебно овластување во министертсвото за здравство и образование.
На опозицијата, покрај тоа, ќе ѝ припаднат и над 50 фунции во јавните претпријатија и стопанските субјекти во државна сопственост, како и околу 150 места на административно и советничко ниво.