БЕРЛИН (АА) - Пратениците во германскиот сојузен парламент, Бундестагот, мнозински ја усвоија нацрт-резолуцијата за случувањата од 1915 година, која го вклучува и изразот „геноцид” заедно со останатите ерменски наводи, јавува Anadolu Agency (AA).
Нацрт-резолуцијата, која ја подготвија членките на владејачката коалиција на Христијанскo-демократската унија (CDU), Христијанско-социјалната унија (CSU), Социјал-демократската партија (СПД) и опозициската Партија на зелените, беше поддржана и од Левичарската партија. Поголем број од пратениците на Христијанско-демократската унија не присуствуваа на гласањето.
Претседателот на германскиот парламент, Норберт Ламерт, во своето обраќање пред самото гласање истакна дека парламентот не е суд, но дека секако нема да бега од своите одговорности.
„Владата на Турција не е одговорна за случувањата пред 100 години, но одговорна е за она што ќе се случи во иднина”, изјави Ламерт.
На денешното гласање во парламентот не присуствуваше канцеларката на таа земја, Ангела Меркел, како ни нејзиниот заменик и претседател на Социјал-демократската партија, Сигмар Габриел, ниту министерот за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер.
Еден пратеник на Христијанско-демократската унија на гласањето беше „против” а еден „водржан”.
Пратениците кои се обратија пред усвојувањето на нацрт-резолуцијата порачаа дека нивна цел не е да ја обвинат Турција, туку да се присетат на жртвите и да поттикнат на примирје помеѓу Турција и Ерменија. Исто така порачаа дека и тогашното Германско Царство сноси одговорност поради неинтервенирање во тој период. Нагласено е дека денес не е време да се обвини Турција и нејзиниот народ, туку да ѝ се упати благодарност бидејќи ја отвори својата врата на бегалците.
Усвојувањето на нацрт-резолуцијата во германскиот парламент со себе не носи било какви санкции во правна смисла, туку резолуцијата како таква е само советодавна.
За време на гласањето во Будестагот беа присутни и претставници на амбасадите на Турција и Ерменија во Германија, а одредени Ерменци истакнаа и транспарент со кој упатија благодарност за усвојување на резолуцијата.
- Што се случи во 1915 година? -
Со почетокот на Првата светска војна, ерменските националисти го искористија фактот што Османлиската држава и Русија завојуваа во спротивни табори и сојузништвото со руските сили го користеа со цел да основаат независна држава Ерменија.
Во окупацијата на Источна Анадолија, на руската војска голема поддршка и пружија ерменските сили. Група Ерменци отстапија од османлиската и се приклучија на руската војска. Ерменските единици така го отежувале напредокот на османлиската војска, а воедно извршувале и злосторства над цивилите на подрачјата окупирани од нивна страна. Османлиските власти во неколку наврати организирале состаноци со цел да ги уверат истакнатите Ерменци да ги спречат тие случувања, но безуспешно. Потоа, Османлиските власти на 24-ти април донесоа одлука за затворање на ерменските бунтовнички комитети и одлука за апсење и протерување на некои ерменски лидери.
Подоцна, токму тој датум ќе биде избран за одбележување на наводниот „геноцид над Ерменците”.
Нападите се продолжени и покрај обидите на османлиската влада да ја смири ситуацијата, па Османлиската држава на 27-ми мај 1915 година донесе одлука за иселување на ерменското население кое остана во со војна зафатените подрачја и ерменските сили кои соработуваа со руската окупаторска војска.
За време на миграциите, голем број Ерменци го загубија животот поради воените дејствија, внатрешните судири, одмазничките дела на локалните групи, гладта и заразните болести. Иако имале план на мигрантите да им обезбедат хуманитарна помош, османлиските власти не успеаа во тоа поради воените дејствија.
- Потреба за вистина и емппатија -
Ерменија и ерменската дијаспора генерално очекуваaт депортациите од 1915 година да бидат окарактеризирани како „геноцид” и од Турција да наплатат оштета. Турција нагласува дека случувањата од 1915 година биле трагедија за сите страни, но дека не можат да бидат окарактеризирани како „ геноцид”.
Анкара се залага тие случувања да се држат подалеку од политичките борби, а решението да се бара врз основа на историски документи и взаемно разбирање и солидарност.
Турски официјални лица повикуваат, покрај анализа на историските архиви на двете земји, да извршат увид и во архивата на другите земји за случувањата од тој период и предлагаат да се формира независна комисија на историчари која ќе ги собере турските, ерменските и странските експерти од тоа поле.
- Официјален Ереван не ја разгледува можноста за нормализација на односите со Анкара -
Најважниот настан за можно нормализирање на односите помеѓу Турција и Ерменија се одржа во октомври 2009 година, кога делегациите на двете земји во Цирих, Швајцарија, потпишаа два протоколи за воспоставување дипломатски односи и подобрување на односите.
Во протоколите страните се обврзаа за изградба на меѓусебна доверба и во решавањето на проблемите да бидат користени историски извори, архиви и да се вршат научни и непристасни анализи. Предвидено е и признавање на меѓудржавните граници.
Ерменската влада на 10-ти јануари 2010 година соопшти дека е замрзнат процесот на одобрување на потпишаните протоколи.
news_share_descriptionsubscription_contact
