Selma Kasap,Ferdi Türkten
02 Јуни 2016•Ажурирај: 03 Јуни 2016
НАИРОБИ (AA) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, реагирајќи на денешното усвојување на резолуцијата за ерменските наводи во германскиот парламент, дека таа одлука во голема мерка ќе влијае на односите помеѓу Турција и Германија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган престојува во официјална посета на Кенија, а по состанокот со кенискиот претседател Ухур Кенјат на заедничка прес-конференција го коментираше и денешното усвојување на резолуцијата во германскиот Бундестаг, која, која со останатите ерменски наводи за настаните од 1915 година го вклучува и терминот „геноцид“.
„Одлуката на германскиот парламент во голема мерка ќе влијае на односите на Турција и Германија. По враќањето во Анкара ќе ги разгледаме нашите следни чекори и ќе направиме што е непходно. Првиот чекор веќе го направивме и го повикавме амбасадорот од Германија да се врати во Анкара", рече Ердоган.
Усвојувањето на одлуката во германскиот парламент за ерменските тврдења предизвика остри реакции на функционерите на Турција која го повлече амбасадорот од Германија.
Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу порача дека Германија не може темните страници од сопствената историја да ги затвора со неодговорни и неосновани одлуки со кои ја оцрнува историјата на некоја друга земја.
Турскиот премиер Бинали Јилдирим одлуката оја оцени како апсолутно неприфатлива и погрешна, а најави дека Турција нема да се двоуми да реагира соодветно и откако ќе изврши увид во содржината на текстот на спорната резолуција.