Barış Gündoğan
02 Јуни 2016•Ажурирај: 02 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, од Анкара реагираше на усвоената резолуција во германскиот парламент, која се однесува на настаните од 1915 година. Тој изјави дека тоа е погрешна одлука, бидејќи турскиот народ во својата историја нема ниту една дамка, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тоа е погрешна одлука. Минатото и историјата на турскиот народ се познати. Овој народ е пофалуван од останатите поради неговото минато. Во нашето минато нема ниту еден настан поради кој би требало да се срамиме и да ја наведнеме главата“, рече Јилдирим.