Gorana Jakovljevic
25 Септември 2016•Ажурирај: 25 Септември 2016
БАЊА ЛУКА (AA) - Изборните одбори во Република Српска започнаа со пребројуваање на гласовите, по затворање на изборните места кои денес беа отворени од седум до 19 часот, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипата на АА посети едно од гласачките места во Бања Лука каде членовите на изборниот одбор чекаа да дојде 19 часот за да потоа ги тргнат ознаките на изборното место, ја отворија изборната кутија и започнаа со пребројување на гласачките ливчиња.
Според податоците на Републичката комисија за спроведување на референдумот за Денот на Република Српска до 17 часот на прашањето „Дали поддржувате 9 јануари да се одбележува и слави како Ден на Република Српска?" се изјаснија 624.190 лица или 51,17 отсто од сите регистрираните гласачи.
Синиша Каран, претседател на Комисијата најави дека во 21 часот кога се очекуваат комплетните резултати за излезноста и првите резултати од референдумот. На изборниот список кој го формираше комисијата право на изјаснување имаа 1.219.399 граѓани на Република Српска.