Mintaha Neslihan Eroğlu
26 Октомври 2016•Ажурирај: 27 Октомври 2016
ЊУ МЕКСИКО (АА) - Во сојузната американска држава Њу Мексико, на предвременото гласање во рамките на гласањето за претседател на САД кое ќе се одржи на 8 ноември, на едно лице не му било дозволено да гласа бидејќи носело маица со ликот на бизнисменот Доналд Трамп – кандидат на Републиканската партија, јавува Anadolu Agency (AA).
Одговорните на избирачкото место, во градот Албакерки во просториите за гласање кои се наоѓале во еден трговски центар, ја предупредиле Мери Санчез да ја промени маицата, или да ја облече наопаку.
Одговорните ја предупредиле Санчез дека ги прекршува законите и ја информирале дека доколку сака да гласа, ќе биде потребно името Трамп да остане биде скриено или да не се гледа.
- Гласачкото право го искористила утредента -
Санчез, која била принудена да го напушти трговскиот центар без да го искористи правото на глас, утредента гласала, доаѓајќи во просториите за гласање без маичката на која се наоѓало името на претседателскиот кандидат Трамп.
Според законите за гласање на државата Њу Мексико, забрането е вршење на избирачка пропаганда на растојание од 30 метри од избирачките места.
Во рамките на забраната за избирачка пропаганда спаѓаат и капи, маички и слични предмети што избирачите би ги носеле, потоа знаменца и знамиња.