Балкан

Прекината седницата на косовскиот Парламент, Самоопределување не успеа да обезбеди тајно гласање за избор на Хаџиу

- Повторно е прекината конститутивната седница на Парламентот на Косово поради недостаток на кворум

Oktaj Omeragikj  | 07.05.2025 - Обновена : 07.05.2025
Прекината седницата на косовскиот Парламент, Самоопределување не успеа да обезбеди тајно гласање за избор на Хаџиу

СКОПЈЕ (АА) - Повторно е прекината конститутивната седница на Парламентот на Косово поради недостаток на кворум, известува Анадолу.

Конститутивната седница во Парламентот на Косово започна со задоцнување од 30 минути, а со неа претседаваше најстариот пратеник Авни Дехари.

Претседавачот Дехари констатираше дека во салата се присутни 113 пратеници и дека седницата може да продолжи.

На почетокот на седницата Движењето „Самоопределување“ повторно се обиде да ја измени процедурата за гласање и побара формирање комисија за тајно гласање за избор на претседател на Парламентот за нивната кандидатката Албулена Хаџиу, но повеќето опозициски партии се спротивставија на формирањето ваква комисија и не номинираа свој член за неа.

Во своето обраќање претседавачот Дехари истакна дека пресудата на Уставниот суд ги обврзува пратениците да гласаат „за“ или „против“, а не да се воздржуваат од гласањето.

„За гласаа 56 пратеници, еден против и ниту еден воздржан“, изјави Дехари.

Кандидатката на Движењето „Самоопределување“, Албулена Хаџиу, не успеа да го обезбеди потребниот минимум од 61 глас, поради што седницата повторно беше прекината.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın