Qays Abu Samra,Ayşe Sümeyra Aydoğdu
26 Октомври 2016•Ажурирај: 26 Октомври 2016
ЕРУСАЛИМ/РАМАЛА (АА) - Израелските сили на Западниот Брег приведоа 13 Палестинци, меѓу кои и водечка фигура на Иницијатива за палестинско национално движење (ИПНД), Салах ел-Хаваџа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на израелската армија се наведува дека на различни локалитети на Западниот Брег, притворени се 13 Палестинци. Во соопштението се вели дека меѓу приведените има 10 лица кои имале терористички активности, како и членови на Хамас.
Генералниот секретар на Иницијативата за палестинско национално движење, Мустафа ел-Бергуси, во соопштението за медиумите вели дека во операцијата на израелските сили е приведена една од водечките фигури, народниот бунтовник Хаваџа од неговиот дом во Рамала.
Бергуси во соопштението вели: „Приведувања, притисоци, нема да ни ја уништат волјата и одлучноста. Иницијативата за палестинско национално движење е одлучна да продолжи со борбата за слободата на нашиот народ“.
Очевидците велат дека при приведувањето на Хаваџа настанала тепачка меѓу израелските сили и Палестинците.
При приведувањето, израелските сили користеле гумени куршуми и солзавец.