Bedrudin Brlyavac
26 Декември 2016•Ажурирај: 27 Декември 2016
САРАЕВО (AA) - Американската амбасада во БиХ одби да му издаде виза на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, пренесува Anadolu Agency (AA).
Додик во понеделник за „РТРС" изјави дека американската Амбасада во БиХ му го одбила барањето за дипломатска виза со кое би можел да присуствува на инаугурацијата на новиот претседател на САД Доналд Трамп, со образложение дека во таа земја не патува како претставик на БиХ.
Додик за време на емисијата ја покажа поканата за свеченоста на инаугурацијата на новиот американски претседател.
„Зошто служи тогаш дипломатскиот пасош на БИХ?", запраша Додик и нагласи дека не ја исклучува можноста за негово откажување, како и дека постои можност наредните години да патува со пасош на Србија.
Додик потсети дека добил покана за инаугурацијата од луѓе кои биле во изборниот штаб на Трамп, а кои се во тимот кој планира транзиција на власта.
Исто така истакна дека акредитациите го чекаат во Вашингтон.