свет

Трамп телефонски разговараше со Путин за идниот Самит Г7

- Во соопштението на службената интернет страница на Кремљ се наведува дека Трамп за време на телефонскиот разговор на Путин му кажал дека размислува на престојниот самит да ги повика и лидерите на Русија, Австралија, Индија и Јужна Кореја.

Elena Teslova  | 01.06.2020 - Обновена : 01.06.2020
Трамп телефонски разговараше со Путин за идниот Самит Г7

МОСКВА

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп телефонски разговараше со рускиот колега Владимир Путин, на кој му рече дека планира да одржи самит на лидерите на Групата Г7 во септември оваа година, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на службената интернет страница на Кремљ се наведува дека Трамп за време на телефонскиот разговор на Путин му кажал дека размислува на престојниот самит да ги повика и лидерите на Русија, Австралија, Индија и Јужна Кореја.

Трамп и Путин разговараа и за борбата против последиците на пандемијата Ковид-19, а Путин на Трамп му честиташе и на успешното лансирање на двочлената посада „Crew Dragon“ која слета на Меѓународната вселенска станица.

Трамп и Путин се согласни за неопходностите на понатамошната соработка во областа на истражување на вселената, како и продолжување на имплементацијата на договорите кои се постигнати со цел постепена нормализација на пазарот на нафта.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.